Европскиот првак Барселона и минатогодишниот шампион во Шпанија, Атлетико Мадрид ги договориле сите услови за трансфер на Арда Туран на Ноу Камп.


Но, поради забраната за трансфери на Барселона екипата Арда Туран ќе го испрати во Галатасарај каде ќе игра на позајмица до истекување на казната од УЕФА.

Турскиот репрезентативец сам побара од Атлетико Мадрид да биде активирана клаузулата за можен трансфер во некоја друга екипа.

За неговите услуги беше загреан Манчестер Јунајтед, а како желба на Арда Туран за следен клуб беше споменувам англискиот шампион Челси.

На исти ваков начин каталонците сакаат да осигураат и трансферот на Пол Погба, кој би чинел неверојатни 100 милиони евра.

Ohridnews