Стружанецот Ардит Шакири во наредната сезона ќе настапува во Словачкото првенство во екипата на Ружомберок. Шакири (24) кој е во роднинска врска со пораншениот капитен на македонската фудбалска репрезентација Артим Шакири, во Словачка заминува по сезоната помината во албанскиот, Грамози. Офанзивниот играч за врска претходно две години го носеше “белиот“ дрес на Охрид.


– Задоволен сум од трансферот во Ружомберок. Клубот се натпреварува во првата словачка лига и цел му е наредната година да се избори за излез во Европа. По овај трансфер очекувам во догледно време да се наметнам и за настап во репрезентацијата – вели поранешниот младински репрезнетативец Шаќири.

М.П.