Селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли го објави конечниот список на репрезентавци кои ги бранат боите на „гаучосите“ на престојното Светско првенство во Русија.
Помеѓу 23-та репрезентативци место немаше за Мауро Икарди, кој со 29 голови заврши на првата позиција на голгетерската листа во Серија А. Одлуката не е изнедувачка, бидејќи и претходно Сампаоли го изостасуваше напаѓачот на Интер од репрезентативните собири.
И покрај најавите дека и Пабло Дибала нема да биде дел селекцијата не се остварија. Фудбалерот на Јувентус се најде на списокот и ќе дебитира на едно големо натпреварување. Очекувано, селекцијата на Аргентина ја предводи Лионел Меси.
„Гаучосите“ кои се вбројуваат во потесните фаворити за светскиот трон во групата се наоѓаат со Исланд, Хрватска и Нигерија.
Составот:
Голмани: Серхио Ромеро, Франко Армани, Вилредо Кабалјеро
Одбрана: Габриел Меркадо, Федерико Фацио, Николас Отаменди, Кристијан Ансалди, Николас Талјиафико и Маркос Рохо.
Среден ред: Евер Банега, Хавиер Маскерано, Едуардо Салвио, Лукас Билја, Анхел ди Марија, Џовани ло Селсо, Мануел Ланцини, Макси Меца, Маркос Акуња.
Напад: Лионел Меси, Серхио Агуеро, Гонзало Игуаин, Кристијан Павон и Пауло Дибала.
OhridNews