Фудбалската репрезентација на Аргентина на престојното Светско првенство во Русија ќе настапи без својот најдобар голман Серхио Ромеро.
Членот на Манчестер Јунајтед го повредил коленото и ќе мора да го оперира и нема да има доволно време да се опорави да биде помеѓу стативите.
31-годишниот чувар на мрежата беше дел од селекцијата пред четири години која изгуби во финалето од Германија на Мундијалот во Бразил.
Селекторот на „гаучосите“ Сампаоли на местото од Ромеро го повика голманот на мексиканскиот Тигрес, Нахуел Гузман.
OhridNews