Светската куќа на фудбалот (ФИФА) ја прифати жалбата на Аргентинската фудбалска федерација и му ја намали суспензијата на Лионел Меси.
Капитенот на „гаучосите“ суспендиран беше четири натпревари поради упатување на погрдни зборови на судиите после завршувањето на мечот со Чиле во јужно-америчките квалификации за пласман на Мундијалот во Русија.
Судиите го немаа пријавено Меси во записникот, туку во дополнителен извештај го пријавија, а дисциплинците во основа на тоа го суспендираа аргентинскиот репрезентативец.
ФИФА му ја намали казната од четири на еден меч, кој веќе Меси го пропушти. На тој дуел Аргентина изгуби од Боливија и падна на петтата позиција на табелата која води во баражот за пласман на СП следната година.
OhridNews