Одлуката на Лионел Меси да се повлече од националната селекција по поразот од Чиле во финалето од Копа Америка ги шокираше аргентинците.


Ден-два им беа потребни на аргентинците да се соземат и да заклучат што изгубија во фудбалската репрезентацијата со повлекувањето на Меси.

Повик за камбек на Меси упати Диего Марадона, сите жители на Аргентина дури и претседателот на државата се понуди за разговор со малиот маѓионичар.

Клубовите последни се јавија со неверојатен предлог. Тие нема да настапуваат во ниту едно натпреварување следнава сезона ако Меси не ја промени одлуката околу репрезентацијата.

Меси, со „гаучосите“ никако не може да ги повтори успесите со Барселона каде има освоено буквално се.

Во последниве три години Меси со аргентинската селекција играше три финалиња и трите ги изгуби, а најболно секако е она на Мундијалот во Бразил против Германија.

Лионел Меси се повлече од Аргентина !

OhridNews