Во рамки на фестивалот Охридско лето, вечерва во 21 часот во Заливот на коските во Градиште, Драмскиот театар од Скопје ќе ја изведе претставата „Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот“ работена по текст на Јордан Плевнеш, а во режија на Владо Цветаноски.
Претставата деновиве имаше премиера на фестивалот на античката драма во Стоби.
Една од главните улоги толкува актерот Рубенс Муратоски, кој за претставата вели дека е вистински предизвик.
-Текстот е посебен и препознатлив, а приказната за најголемиот трагичар на светот ја донесуваме задно со екипата на свој начин, истакна Муратовски.
Режисерот Владо Цветановски, кој воедно работи и како професор по Актерска игра на факултетот за драмски уметности – Скопје, има реализирано ололу педесет претстави во македонските театри на просторите на бивша Југославија, каде освоил значајни награди. Автор е на неколку документарни филмови за македонските традиционални обележја. Неговите претстави, и од македонските и од сведските театролози, најчесто биле вреднувани како богати визуелни глетки, структурирани по принципот на филмскиот јазик.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com