По повод празникот на Св.Атанасиј Велики, утре, во  манастирот „Св. Атанасиј Велики“ во село Љубаништа, со почеток во 9 часот, ќе се одржи архиерејска литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот  Дебарско- кичевски, г. Тимотеј.

На 4-ти февруари, по повод празникот на Свети Апостол Тимотеј, архиерејска литургија ќе се одржи и во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, со која ќе чиноначалствува митрополит г. Тимотеј. Предвидено е во рамки на литургијата да се изврши и ѓаконско ракополагање.

OhridNews