Холандската инвазија на Охрид продолжува со несмален интензитет. Еден од најголемите светски тур-оператори, TUI, oд 1-ви јули започнува со директни летови од Амстердам за Охрид што ќе ги реализира Arke Fly-TUI AIRLINES.

Холандските гости кои ги има во се поголем број на охридската ривиера ќе бидат сместени во хотелите Белви, Гранит, Инекс, Милениум Палас, Тино, Ривиера, Дрим и Макпетрол, како и во Вила Александар, каде веќе се извршени голем број резервации.

– Аранжманите  во соработка со TUI ги реализираат „Каратанова турс“ и „Генерал турист“, а целта е да се воспостави директна авионска линија од Амстердам до Охрид во текот на целата година, ни изјави туристичкиот менаџер Ана Чукалеска.

OhridNews