Во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево, денеска, свечено ќе биде пуштена во употреба Сервисна станица за потребите на 2. механизирана пешадиска бригада (мпбр) и единиците кои се лоцирани во оваа касарна. 
На чинот на отварањето на објектот ќе присуствуваат: Министерот за одбрана Фатмир Бесими, Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, претставници од МО и ГШ на АРМ, пратеници во Собранието на Република Македонија од Кичево, како и претставници на локалната самоуправа од општините кои се наоѓаат во зоната на одговорност на бригадата. 
Сервисната станица ќе располага со капацитети за современо дијагностицирање на неисправностите кај моторни возила, а пред се за проверка на системите за кочење, осветлување и управување, како и брза и ефикасна замена на моторното масло и течност во системот за ладење кај сите моторни возила.
OhridNews