Со воена падара што се одржа  во касарната „Илинден“  во Скопје по пово денеска беше одбележан Денот на Армијата на Република Македонија и јубилејот „20 години АРМ“.
Пред државниот врв, членови на Генералштабот на армијата и високите гости продефилираа баталјони од 1. механизирана пешадиска бригада, припадниците на баталјонот за почести, ешалон припадници на Армијата на САД и ешалон од бригадата за логистика. 
Воедно, дел од парадата беше и ешалон од првата единица на АРМ, Воената Полиција, како и од баталјонот за Специјални намени и Ренџерскиот баталјон, како дел од полкот за специјални операции.
Военото воздухопловство, односно Воздухопловната бригада како атрактивен сегмент од Армијата на Република Македонија, беше претставена од борбено-транспортните хеликоптери Ми-24, транспортните хеликоптери Ми-8/17 и авионите Злин 242Л. 
На парадата беа претставени и механизираните единици , борбени возила,, како и средства за против-воздушна одбрана и артилериски средства.
OhridNews
фото:„МИА“