Во периодот од 09 до 11 јуни 2025 година, од 10 до 16 часот, на плажата „Бафало бич“ во близина на езерската полиција, припадници на Армијата на РСМ ќе реализираат тактичко-технички активности.
Притоа, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското Езеро, ќе употребат артифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема. Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на полициската станица Охрид и полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ (Езерска полиција), информираат од СВР Охрид.
Воедно, апелираат граѓаните да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој значаен настан.
OhridNews