Слично како во филмот Армагедон, научниците планираат да лансираат летала во астероид за да спречат директен удар во Земјата.
За планот се дознало кога НАСА се обидела да ги демантира информациите за кометата Еленин, за која се зборуваше дека е опасна за Земјата. Сега во Европската вселенска агенција(ЕСА) имаат нацрт-проект наречен „Дон Кихот“.
Планот не е да се уништи астероидот, туку само да му се промени движењето за да не се формира премногу отпад што би паѓал на Земјата. Во 2015 година ЕСА кон него ќе лансира две летала со имиња „Санчо“ и „Хидалго“, пишува „Телеграф“. Едната е наменета за удар во астероидот, а другата за собирање податоци по ударот.
Станува збор за астероидот 99942 Апофис, кој би требало да удри во Земјата во 2036 година. Шансата за удар е 1:250.000.
извор: „Макфакс“











