Од вчера Општата болница во Охрид, која функционира како ковид центар, ја обезбедуваат припадници на армијата и полицијата. Тоа е согласно одлуката на Владата на која и претходеше прогласување на кризна состојба.
Во најголем дел од центрите кои прифаќаат ковид пациенти, имаме припадници на Армијата согласно планот што го прави Армијата заедно со Министерството за внатрешни работи. Дополнително во понеделник, 12 специјалисти и 20 медицински сестри ќе се вклучат во болниците во Скопје како подрршка на цивилно-здравствениот персонал, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

OhridNews











