Од вчера Општата болница во Охрид, која функционира како ковид центар, ја обезбедуваат припадници на армијата и полицијата. Тоа е согласно одлуката на Владата на која и претходеше прогласување на кризна состојба.

Во најголем дел од центрите кои прифаќаат ковид пациенти, имаме припадници на Армијата согласно планот што го прави Армијата заедно со Министерството за внатрешни работи. Дополнително во понеделник, 12 специјалисти и 20 медицински сестри ќе се вклучат во болниците во Скопје како подрршка на цивилно-здравствениот персонал, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Заклучно со вчерашниот ден вкупно 195 припадници на Армијата се вклучени во обезбедување на ред и дополнителна безбедност на болниците низ државава. Освен во Охрид, припадници на Армијата се распоредени и во центрите кои згрижуваат ковид пациенти во Скопје, Дебар, Гевгелија, Кавадарци, Кочани, Куманово, Гостивар, Прилеп, Струга, Струмица, Велес, Кичево…

OhridNews