Армија приврзаници на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ од Охрид замина на протести во Скопје
24.12.12 11:44
Повеќе стотици симпатизери на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од Охрид, рано утрово со автобуси и автомобили тргна кон Скопје, каде им се придружија на симпатизерите на здружената опозиција која протестира против донесувањето на Буџетот за 2013 година по итна постапка. Како што изјавија учесници на протестот, попатно возилата со кои патувале симпатизерите на СДСМ од Охрид биле застанувани на неколку наврати од полицијата и била вршена контрола.
Кон Скопје утрово се упатија и повеќе стотици симпатизери на ВМРО ДПМНЕ од Охрид, кои, пак, се придружија на „Фронтот за народот“, кој протестира против спротивставувањето на опозицијата околу донесувањето на буџетот. Демонстрантите пред Собранието се раздвоени од специјалната полиција која во голем број го обезбедува законодавниот дом.
Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 11:40 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците во село Пештани, информираат од ЈП Водовод Охрид Посочуваат дека екипи на претпријатието...
Традиционално и оваа година „Home center“ на компанијата „Ангел Тренд“ кој е сместен во деловниот комплекс кај кружниот тек на ул „15 Корпус“, наспроти ЕМУЦ, организира Новогодишен саем со големи п...
Денеска срцaтa на охриѓани чукаат посилно од кога и да е, кога можеме гордо, во слобода, да се сетиме на заветот на младите борци срочен во синтагмата: „СЛОБОДА ИЛИ СМРТ!“ Ваквиот цврст став на наш...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.