Лага и политичка манипулација. Вака директорот на општата болница во Охрид д-р Љубен Арнаудов ги коментира изнесените обвинувања на опозициската СДСМ, дека на повеќе одделенија како што се интерното, геријатриското и детското одделение нема греење, а пацинетите се смрзнуваат и се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат. 

-Мислам дека денешниот прес е политички инструиран и не е добро да се лажат греаѓаните на Охрид. Тие знаат, бидејќи секојдневно доаѓаат тука не само од Охрид туку и од околните градови, ако има вистински проблеми дека можат да ми се обратат во секое време. Тие први доаѓаат да ми рекламираат, а вие слободно може да проверите и да се уверите каква е температурата на одделенијата.-изјави Арнаудов. 

Директорот Арнаудов посочува дека сите одделенија се загреваат подеднакво, но поради тоа што дел од нив се наоѓаат во стариот блок има одредени проблеми.

Имаме режим на грење наутро од 5, а  попладне од 16-17 до 22 и тоа зависи од климатските услови. Моментално гледате дека времето е топло и дали е домаќински да се грее? Треба да се знае дека се наоѓаме во многу тешка ситуација и мораме одговорно и домаќински да планираме и да располагаме со финансиските средства во нашата болница.-додаде Арнаудов.

Арнаудов вели дека во моментов нема услови болницата да се грае 24 часа, а на пациентите кои зе жалат на студ болницата им нуди сопствени грејни тела на електрична енергија и дополнителни прекривки, додавајќи дека не е коректно да се бркаат политички поени на чувствителна тема како што е здравството.

OhridNews

СДСМ: Нема греење на некои одделенија во охридската општа болница

ВМРО ДПМНЕ: Наспроти лагите на опозцијата стојат делата на власта во здравството