Популарниот актер и боди-билдер, 71-годишниот Арнолд Шварценегер, доживеа непријатност во текот на посетата на Јужна Африка. Тој без причина беше удрен од непознат напаѓач додека разговараше со обожаватели. Напаѓачот веднаш бил приведен, а легендарниот глумец набрзо станал и продолжил да разговара со присутните, како ништо да не било, пренесуваат светските агенции.

Засега не се познати причините за нападот на Шварценегер.

OhridNews