Откако ја изневерил Марија Шривер, жената со која бил во брак 25 години и со која имал четири деца, Арнолд Шварценегер изјавил дека жената и не му треба, бидејќи имал многу пари и лесно ќе пронајдел некоја млада девојка. Рекол дека имал пари, имал моќ, имал приватен авион и пријатели, и дека му било сеедно дали ќе се помири со сопругата.

Сепак, како што минувало времето, Арнолд Шварценегер останал сам. Млада девојка не пронашол, а останал и без пријатели. Исто така и неговите деца едвај комуницирале со него.