Чуварот на мрежата на Вардар, Арпад Штербик ја освои наградата за најдобар ракометар на светот која ја доделува реномираната интернет страница за ракомет „Хендбол Планет“.
Со Штербик на голот скопските „црвено црни“ освоија четири титули минатата сезона вклучувајќи го и трофејот од Лигата на Шампиони. Сезонава, пак „вардарци“ без пораз ја завршија првата етапа од групната фаза во најеминетното клупско натпреварување.
Во трката за најдобар ракометар во која гласаа 27 членови на жири комисијата и љубителите на ракометот ширум светот Штербик ги победи Уве Генсхајмер (ПСЖ), Микел Хансен (ПСЖ), Никола Карабатиќ (ПСЖ), Недим Ремили (ПСЖ), Бјарте Мирхол (Скјерн), Виктор Томас (Барселона) и Лука Карабатиќ (ПСЖ).
Со награда за Штербик, Ракометниот клуб Вардар ја продолжува ризницата на признанија, откако погодокот на Лука Циндриќ за победа против Барселона во 1/2 финалето на завршницата во Келн беше прогласен за најубав во ЛШ за 2017 година.
OhridNews