Лондонскиот клуб Арсенал после завршување на сезоната ќе остане без човекот кој е најзаслужен за успесите последниве две децении. Францускиот стручњак Арсен Венгер објави заминување и евентуален крај на кариерата како фудбалски тренер.
Венгер палката на легендарниот „Хајбери“ ја презеде пред точно 22 години и со својата фудбалски филозофија наметна офанзивен стил на игра препознатлив за Арсенал, кој се уште го негува. Францускиот стручњак покрај успесите на резултатски план голем учинок имаше во прераснување на Арсенал во гигант градејќи сопствен стадион и надминувајќи финансиските кризи во светот на фудбалот.
– По внимателно разгледување и разговори со клубот, чувствувам дека е вистинско време да се повлечам на крајот на сезоната. Благодарен сум за привилегијата да го водам клубот во годините што ќе останат запамтени во неговата историја. Сите години работев посветено со интегритет. Им се заблагодарувам на соработниците, играчите и навивачите. Засекогаш ќе го сакам Арсенал. – изјави Французинот за клупската страница.
Низ кариерата во Арсенал, Венгер освои три титули во Премиер лигата, седум во ФА Купот, три во Лига Купот и шест во англискиот Супер куп. Во европските натпреварувања финалиња играше во Купот на УЕФА 2000 и во Лигата на Шампиони 2006.
OhridNews