Составот на Арсенал не ќе може да смета на Хенрик Мхитаријан за градската пресметка со Челси во финалето од Лигата на Европа.

Финалниот натпревар од ЛЕ се игра во Баку, Азербејџан а проблем се дипломатските односи помеѓу земјата домаќин каде ќе се игра финалето и Ерменија, земјата од која доаѓа фудбалерот.

Азербејџан и Ерменија се непријатели, водеа и војна поради спорот околу регионот Нагорно-Карабах. Од 1994 година двете држави ги прекинаа сите дипломатски односи, а на државјаните на Ерменија им се забранува влезот во Азербејџан.

  • Направивме се` нашиот фудбалер Мхитаријан да биде дел од нашата екипа, но не добивме зелено светло од УЕФА за безбедноста на фудбалерот и неговата фамилија. – стои во соопштението од Арсенал.

Епилогот е голем пораз за УЕФА, бидејќи токму таа секогаш се бори против политиката во спортот, но овој пат куќата на фудбалот потклекна и го осиромаши англиското дерби во ЛЕ.

Финалето се игра на 29 мај.

OhridNews