Англискиот шампион Челси сакаша да ја искористи заинтересираноста на Арсенал за Петр Чех и преку трампа да доведе еден фудбалер во своите редови.

Чешкиот голман кој не е задоволен од статусот во Челси ситници го делат од трансфер Арсенал, а португалскиот стручњак Жозе Мурињо за возврат го сака Алекс Окслејд Чембелејн.


Менаџерот на „топчиите“ Арсен Венгер веднаш ја одбил ваквата трампа, со која „сините“ ќе го земат талентираниот фудбалер.

Иначе, Мурињо не е познат по дозволувањето на играчите кои заминуваат од неговиот да засилат некој конкурент, па можеби ова е само игра Арсенал да крене раце од чешкиот голман.

Ohridnews