Англискиот премеирлигаш Арсенал подготвен е да „искешира“ 50 милиони евра за услугите на Ријад Марез од шампионот во Премиер лигата, Лестер.
„Лисиците“ во летниот преоден рок останаа без моторот во екипата Н`голо Канте, а лесно може да се случи да замине и Марез.
„Топчиите“ еднаш, но не успешно кокетираа со Лестер за услугите на Џејмс Варди кој подоцона потпиша нов четиригодишен договор.
Марез пак, се поврзуваше и со трансфер во Барселона, но ништо не се случи од тоа, а сега е на мета од Арсен Венгер.
Алжирскиот репрезентативец минатата сезона кога Лестер стигна до титулата имаше најдобри бројки зад своето име и беше избран за најкорисен играч во Премиер лигата од новинарите, менаџерите и фудбалерите.
OhridNews