Лондонските „топчии“ се вратија во игра за четвртатата позиција на табелата која води во квалификациите во Лигата на Шампиони победувајќи го Манчестер Јунајтед со 2-0 во 35-та рунда од Премиер лигата.
Фудбалерите на Арсенал со триумфот на „Емирати“ ја запреа серијата без пораз на Манчестер Јунајтед која траеше 25 меча и го отпишаа од борбата за горните места на табелата.
Победата домашните фудбалери ја обезбедија за три минути, односно од 54 до 57 кога постигнаа два погодоци. Прво мрежата ја погоди Гранит Џака, а водството го зголеми Дени Велбек.
Како најава на дербито во Лондон, Ливерпул без голови ремизираше со Саутемптон и му даде шанса и надеж на Арсенал.
OhridNews