Лондонските „топчии“ обезбедија пласман во четвртфиналето од ФА Купот откако од втор обид во осминафиналето го совладаа Хул со 4-0.


Арсенал го покажа вистинското лице и на крилата од Оливие Жиру кој постигна три голови го елиминираше Хул кој на Емирати извлече реми без голови. Четвртиот погодок за „топчиите“ беше делот на Тео Волкот.

Сепак, не помина се така глатко за Арсен Венгер откако поради повреди мечот предвреме го завршија Пер Мерстесакер, Арон Ремси и дефанзивецот Габриел.


Во четрвтфиналето Арсенал ќе ги одмери силите со Ватфорд, а во оваа фаза ќе се сретнат уште Манчестер Јунајтед – Вест Хем, Евертон – Челси и Ридинг – Кристал Палас.

OhridNews