Вицешампионот во англиската Премиер лига, Арсенал ќе го повлече првиот потег на трансфер пазарот и во своите редови пред почетокот на Европското првенство ќе го доведе Гранит Џака.


„Топчиите“ за услугите на швајцарскиот репрезентативец со албанско потекло кој настапува во Борусија Менхенгладбах ќе платат високи 30 милиони евра.

– Секојдневно разговараме и се договараме за деталите околу мојот трансфер во Арсенал. Да нема дилеми јас се уште сум фудбалер на Менхенгладбах, но осеќам дека ќе дојде крај на овој можам слободно да го наречам циркус. – рече Џака.

Фудбалерот за врска ги има поминато сите младински категории во Базел, а во 2012 година се пресели во Менхенгладбах каде што успеа да се наметне и како лидер на екипата.

Англиските екипи се познати по големото трошење на финансии, а ако трансферот на Џака биде најава не очекува пеколен трансфер рок по завршувањето на ЕП.

OhridNews