Лондонските гиганти Арсенал и Челси во втората рунда ги завршија натпреварите во англискиот Лига Куп. „Топчиите“ односно „сините“ претрпеа порази од Шефилд 3-0 односно Стоук 5-4 (1-1) по изведувањето на пеналите.


Елиминацијата од Лига купот е уште една шлаканица за Челси кој сезонава игра далеку под своите можности во Премиер лигата и Лигата на Шампиони.

Додека, Арсенал неочекувано на гостувањето во Шефилд загуби убедливо наспроти одличната форма која имаат пулените на Арсен Венгер.


Резултати : Евертон – Норвич 1-1 (4-3 пенали), Хул – Лестер 1-1 (5-4 пенали), Шефилд Вендздеј – Арсенал 3-0, Стоук – Челси 1-1 (5-4 пенали).

Мх.П.