Ривалството од теренот помеѓу Арсенал и Челси ќе се пресели на трансфер пазарот. „Топчиите“ и „сините“ ќе се впуштат во трка за потписот на дефанзивецот Жером Боатенг.
Догоророт на Боатенг со Баерн Минхен истекува следното лето. Преговори за нова соработка помеѓу фудбалерот и германскиот клуб не се започнати и иднината на Боатенг на Алијанц арената е доведена под знак прашалник.
Арсенал минатиот летен преоден рок покажа за интерес за германскиот репрезентативец но тогаш „баварците“ категорично ја отфрлија понудата. Челси прв пат влегува во трката за ангажман на Боатенг.
Боатенг има искуство во Премиер лигата. 31-годишниот дефанзивец една сезона (2010/2011) беше дел од Манчестер Сити. Претходно, Боатенг настапуваше за Херта и Хамбургер.
OhridNews