Mанчестер Јунајтед активно му се приклучи на Арсенал во борбата за искусниот дефанзивец Жозе Фонте кој настапува за Саутемптон.


И двете екипи во 32-годишниот стопер гледаат решение за одбраната која не кореспондира со перформансите на нападот и средниот ред.

„Црвените ѓаволи“ веќе оствариле прв контакт, а во трансферот на португалскиот репрезентативец ќе го вклучат и Маркос Рохо.

„Топчиите“ по четирите примени голови од Ливерпул во дербито приморани се да ангажираат стопер, а Фонте е „втора желба“ на Арсен Венгер бидејќи тој го посакува Шкодран Мустафи од Валенсија.

Која екипа ќе понуди подобри услови за клубот ќе го купи фудбалерот кој беше дел од „златната“ селекција на Португалија која го освои трофејот на ЕП во Франција.

OhridNews