Бранителот на трофејот во Премиер лигата, Лестер и Арсенал во третата рунда ја забележаа првата победа сезонава, откако славеа над Свонси (2-1) односно Ватфорд (3-1).
„Топчиите“ на Викариџ Роуд против Ватфорд го покажаа вистинското лице по двете бледи издание на почетокот од првенството. Со головите на Кацорла, Санчез и Озил уште во првиот дел ги решија дилемите околу победникот.
„Лисиците“ со головите на Џејми Варди и Вес Морган стигнаа до предност 2-0 против Свонси кој успеа да постигне почесен погодок на крајот од натпреварот.
Лондонските сини во третата рунда со триумфот над Барнли (3-0) ја продолжија победничка серија и се искачија на врвот од табелата. Стрелци на головите за Челси беа Еден Хазард, Вилијан и Виктор Мозес.
Резултати: Тотенхем – Ливерпул 1-1, Челси – Барнли 3-0, Кристал Палас – Бурнмаут 1-1, Евертон – Стоук 1-0, Лестер – Свонси 2-1, Саутемптон – Сандерленд 1-1, Ватфорд – Арсенал 1-3, Хул – Мен Ју.
OhridNews