Англискиот премиерлигаш Арсенал и францускиот клуб, Лион најдоа заеднички јазик и се договорија за преселба на Александер Лаказет во Лондон.

„Топчиите“ на „лавовите“ за услугите на францускиот интернационалец ќе им исплатат 52 милиони фунти плус дополнителнни бонуси во зависност од успесите на играчот и клубот.

За реализација и официјализирање на трансферот се чекаат уште лекараските прегледи кои треба фудбалерот да ги помине. Ако се помине во ред Лаказет ќе биде најскапиот фудбалер во историјата на Арсенал.

Менаџерот на „топчиите“, Арсен Венгер ќе се насочи кон следните цели на трансфер пазарот Ријад Марез од Лестер и Томас Лемар од тимот на Монако.

OhridNews