Англиските премиерлигаши Арсенал и Ливерпул (ќе) водат мртва трка за потписот на Педро Родригез кој настапува за шпанска Барселона.

По доаѓањето на Нејмар шпанскиот репрезентативец потполно го изгуби местото во тимот, а по враќање на Луис Суарез на теренот Педро ќе биде трета опција во нападот.
Педро може да игра на неколку позиции, но најмногу му лежи позицијата зад главниот напаѓач. Тој потекнува од школата „Ла Масија“ и нема настапувано за ниту еден друг клуб.
Мх.П.










