Поразот од Шефилд Вендздеј во Лига купот не беше единствена грижа за менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер откако поради повреди предвреме мечот го напуштија Тео Волкот и Алекс Окслејд Чемберлејн.
Во петтата минута се повреди Чемберлејн, а на негово место влезе Волкот кој пак 20 минути подоцна ја напушти играта исто така поради повреда.
Во следните два дена ќе се дознае дали и колку ќе паузираат англиските репрезентативци кои сезонава играат во одлична форма.
„Топчиите“ моментално бележат добри резултатите во ЛШ и Премиер лигата по слабиот старт на сезоната, а отсуството на Волкот и Чемберлејн ќе биде голем удар за екипата.
Мх.П.











