Репрезентативецот на Северна Ирска, Џони Еванс е една од желбите на менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер во летниот преоден рок.


„Топчиите“ квалитетно за засилија на голманската позиција доведувајќи го Петр Чех, но останува ранлива позицијата стопер.

Францускиот стручњак го гледа Еванс како искусен фудбалер кој долги години е дел од Манчестер Јунајтед и нема да има проблем со аклиматизацијата.

Последен трансфер на релацијата Арсенал-Манчестер Јунајтед беше Робин ван Перси кој се пресели во обратен правец и се уште се гневни лондончани не неговата одлука.

Мх.П.