Составот на Арсенал подготвен е да преговара за продажба на најдобриот фудбалер на Емитари, Алексис Санчез кој после завршување на оваа сезона ќе биде слободен играч и може сам да бира каде ќе ја продолжи кариерата.

„Топчиите“ не сакаат да ризикуваат на таков потег и нивниот најдобар играч да замине без никаква оштета од клубот. Најзагреани за услугите на чилеанскиот репрезентативец се Манчестер Сити и Пари Сент Жермен.

„Граѓаните“, според англискиот весник „Мирор“ во текот на овој преоден рок ќе испратат понуда до Арсенал вредна 35 милиони фунти. „Светците“ се` уште се немаат јавно изјаснато со колкава понуда ќе влезат во преговори со Арсенал.

Менаџерот Арсен Венгер и челниците на клубот со оглед на ситуацијата со Санчез целосно се насочија кон доведување на Ријад Марез од тимот на Лестер. Францускиот стручњак во Марез гледа еднаква замена за Санчез и долгодишно решение за офанзивниот ред кој од време на време не е на потребното ниво.

Лестер за услугите на Марез бара 40 милиони евра, но и двете страни можат да пуштат рака за 35 милиони фунти плус некои дополнителни бонуси со кои трансферот би достигнал до 40 милиони.

OhridNews