Листата на повредени фудбалери во Арсенал се зголеми за Арон Ремси откако заменик капитенот се повреди на мечот со Хул во ФА Купот.
Велшанецот во игра влезе на полувремето и по само десет минути ја напушти жалејќи се на повреда.
Првичните прогнози не наговестуваа вакво нешто, но деталните прегледи покажаа нешто друго и во аут Ремси ќе биде шест недели.
Отсуството на Ремси ќе биде голем хендикеп за Арсенал кој води битка за титулата во Премиер лигата и ФА Купот, а исто така го очекува меч со Барселона во Лигата на Шампиони.
На листата од повредени фудбалери се наоѓаат Џек Вилшер, Санти Кацорла, Микел Артета и Алекс Окслејд Чемберлејн.
OhridNews











