Екипата на Арсенал ќе ги искористи не успешните преговори околу новиот договор на Рахим Стерлинг и Ливепул и ќе го доведе во своите редови.


20-годишниот фудбалер до крајот на стариот договор има уште две години, но во него има мала откупна клаузула и помала плата.

Но, „топчиите“ не се единствени кои се заинтересирани за услугите на англискиот репрезентативец. Во редот се Манчестер Сити, Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Џокер на Арсен Венгер можеби ќе биде Тео Волкот, кој може да биде вклучен во трансферот на Стерлинг.

Мх.П.