Екипата на Арсенал ја освои првата титула во новата сезона победувајќи го градскиот ривал Челси во англискиот супер куп со минимални 1-0.
Стрелец на погодокот вреден трофеј беше англискиот репрезентативец Алекс Окслејд Чемберлејн во 24-та минута од натпреварот.
„Сините“ имаа иницијатива, но нивниот поранешен голман Петр Чех ја сочува мрежата на „топчиите“ и го обезбеди трофејот.
Мх.П.