Фудбалерите на Арсенал запишаа нови три бодови на табелата во Премиер лигата откако во дербито со 2-1 го совладаа Манчестер Сити.


„Топчиите“ со головите на Тео Волкот и Оливие Жиру во првиот дел обезбедија предност од два погодоци. Гостите нападнаа, но успеаја само да го ублажат поразот со почесниот погодок на Јаја Туре.

 

Арсенал одново се доближи на два бодови од лидерот Лестер, но ги оддалечи „граѓаните“ од врвот на табелата.

Мх.П.