Лондонскиот премиерлигаш Арсенал менаџерот кој ќе го наследи Арсен Венгер на клупата ќе го објави пред почетокот на Мундијалот во Русија.
Управата на „топчиите“ на новиот менаџер кој ќе ја добие довербата сакаат да му дадат повеќе време да ја сложи и подготвки екипата што подобро, бидејќи учеството на Мундијал ги острошува фудбалерите.
Како наследници на Венгер се споменуваат поранешните играчи на Арсенал, Микел Артета и Патрик Виера, искусниот италијански стратег Карло Анчелоти, моменталниот тренер на Јувентус Масимилијано Алегри и менаџерот на Бурнмаут Ед Хауви.
68-годишниот стратег кој 22 сезони помина на чело Арсенал најверојатно нема да се пензионира и ќе одбери една од многуте понуди кои пристагнаа на негова адреса.
OhridNews