Екипата на Арсенал го чекираше билетот за финалето во англискиот Лига куп. „Топчиите“ во финалето на Бембли силите ќе ги одмерат со Манчестер Сити. Избраниците на Арсен Венгер во реванш натпреварот на Емирати со 2-1 го совладаа Челси, а тоа се покажа пресудно, откако првиот дуел на Стемфорд Бриџ заврши без голови и без победник.
„Сините“ преку Еден Хазард во 5-та минута поведоа со 1-0. Водството на Челси активно беше седум минути. Во 12-та минута Рудигер си ја затресе сопствената мрежа и ги изедначи бројките на семафорот. Клучниот момент на средбата се случи во 60-та минута кога Гранит Џака погоди за 2-1. Домашните фудбалери и покрај големите налети на гостите ја задржаа предноста и обезбедија финале.
Спаринг партнер на Арсенал на Вембли ќе му биде Манчестер Сити кој во 1/2 финалето го елиминираше Бристол Сити.
OhridNews