Арсенал е првиот финалист во Лига на шампиони на УЕФА, откако синоќа во реванш полуфиналето во Лондон го совлада Атлетико Мадрид со 1:0 и со вкупни 2:1 обезбеди место во големото финале во Будимпешта.

Стрелец на единствениот гол на „Емирати“ беше Букаjо Сака, кој во финишот на првото полувреме донесе предност и победа за англискиот тим. Арсенал со дисциплинирана игра успеа да го сочува водството и да избори прво финале во елитното натпреварување по две децении.

Вечерва ќе биде познат и вториот финалист, кога Баерн Минхен на домашен терен го пречекува Пари Сен Жермен во реваншот од второто полуфинале. Францускиот тим има минимална предност по спектакуларната победа од 5:4 во првиот натпревар во Париз.

Според најавите на европските медиуми и аналитичарите, се очекува уште еден ефикасен и неизвесен дуел, со оглед дека двата тима се меѓу најефикасните во овогодинешното издание на Лигата на шампиони.

Големото финале на Лигата на шампиони ќе се игра на 30 мај на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.

OhridNews