Клубот од Емирати со нов и побогат договор ќе ја продолжи соработката со Алексис Санчез кој се најде на врвот од листра на трансфер желби на Манчестер Јунајтед.


Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Луис ван Гал го пикираше чилеанскиот репрезентативец, а понудата требаше да изнесува 70 милиони евра.

Но, „топчиите“ немаат намера да се ослободат од Алексис кој по доаѓањето од Барселона се трансформираше во предводник на екипата.

Со сегашниот договор Чилеанецот заработува 160 илјади фунти неделно, а според новиот кој ќе биде важечки до 2020 година ќе заработува по 200 илјади.

Челниците на Арсенал исто така нов договор ќе му понудат и на германскиот репрезентативец Месут Озил. Фудбалерот од средниот ред по преселување на Емирати од Реал Мадрид бележи само одлични настапи.

Ohridnews