Екипата на Арсенал во месеците кога ќе се одиграат голем број на важни мечеви во Премиер лигата остана без услугите на Санти Кацорла.


Шпанецот, три месеци ќе паузира поради повреда на тетивата. Првичните прогнози после снимките не кажуваа таква пауза, но деталните прегледи покажаа сериозно оштетување и неопходен е оперативен зафат.

Кацорла, кој е еден од главните играчи на Арсенал во средниот ред, нема ни малку среќа со повредите. Минатата сезона ја пропушти речиси цела поради повреда на коленото, а и сезонава ја започна повреден.

Арсенал по 13-ет одиграни натпревари во Премиер лигата се наоѓа на 4-та позиција со три бодови негатива од лидерот Челси на табелата. Викендов, ги очекува градска пресметка со Вест Хем.

OhridNews