Фудбалерите на Арсенал наскоро ќе ја носат спортската опрема „Puma“, откако клубот и производителот на спортска опрема потпишале петгодишен договор вреден 202 милиони евра.


Арсенал во изминатите 20 години ја носеше опремата на производителот „Nike“, од американската компанија изјавиле дека сакале да ја продолжат соработката со Арсенал но „не по секоја цена“.

Екипата од Лондон со новиот договор до врв ќе ја наполни својата каса, Арсенал од „Emirates“ чие име се наоѓа на стадионот заработи 180 милиони евра.

Од овие две богати спонзорства менаџерот на екипата Арсен Венгер ќе добие 80 милиони евра со кои ќе може да биде конкурентен на пазарот во летниот преоден рок.

“Макфакс“