Селекторот на А репрезентацијата Јовица Арсиќ го претстави деталниот план за подготовки и натпревари. Дамјан Стојановски од Амак СП, ќе добие шанса да се избори за место во 12 за Евробаскетот во Полска. Бојан Трајковски, центарот на Фершпед Работнички и неговиот соиграч Александар Димитровски и  се нови имиња во однос на ланските подготовки.

 

Подготовките ќе започнат на 15 Јули во Скопје, каде најнапред ќе се извршат и медицинските прегледи, а потоа до 25 Јули ќе се одвиваат првите тренинзи. Селекцијата потоа заминува на Златибор на висински подготовки, а на 1-ви Август од Златибор се продолжува на Крањска Гора. Во Словенија на 2-ри и 3-ти (Трбовље и Домжале) ќе играме два натпревари со домашната селекција, а на 5-ти не очекува дуел со европскиот првак Русија (Љубљана).


По враќањето од Словенија, националниот состав продолжува за Охрид, каде на 8 и 9 Август ќе играме против Словачка. На 16 Август репрезентативците се враќаат во Скопје, а на 20 се заминува за Бамберг, каде ќе учествуваме на Президент Купот на Германија (Полска, Хрватска, Германија). Нашате селекција ќе учествува и на Ефес Купот во Анкара (Летонија, В. Британија, Турција, Германија, Хрватска), а до заминувањето за Познањ на 4-ти Септември, нашите најдобри кошаркари ќе тренираат во Скопје.

16-те што ќе ги започнат подготовките се:

Врбица Стефанов, Владо Илиевски, Јане Петровски, Димитар Мираковски, Ристе Стефанов, Александар Димитровски, Дарко Соколов, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Диме Тасовски, Перо Блажевски, Перо Антиќ, Џеремаја Мејси, Тодор Гечевски, Предраг Самарџиски и Бојан Трајковски.

ohridnews