Селекторот на македонската кошаркарска селекција Јовица Арсиќ ќе има тешка задача кого од двајцата извондредни натурализирани македонци да избере за континеталниот собир во Полска. Квалитетите на Џеремаја Мејси не беа спорни, но неговиот индолентен однос кон репрезентацијата ги натераа челните луѓе да бараат алтернативно решение.
Подобар “противник“ на Мејси и да сакаа неможеа да му одберат во името на Дариус Вашингтон. Згора на тоа повредата на Илиевски која го отстрани од националната врста можеби го става Вашинтон во блага предност. На првиот негов настап тој ја воодушеви публиката и најави дека силно ќе конкурираа за место во Полска.
– Вашингтон одигра солидно, но потребно му е повеќе време да ги запознае своите соиграчи. Тој дојде страшно мотивиран да игра за Македонија а неговите индивидуални карактеристики никогаш не беа доведени под знак прашање. За да прерасне во водaч на тимот потребно му е време да ги запознае своите соиграчи – рече селекторот Арсиќ.
Селектрот Арсиќ, ќе се најде пред голема дилема кој од двајцата натурализирани македонци да патува во Полска. Мејси или Вашингтон.
– Кој од нив двајцата ќе игра во Полска зависи од тоа каков играч во моментот ќе ни биде попотребен. Она што е важно е сите да бидат здрави да нема повреди, а одлуката кој ке патува ќе ја донесеме во зависнот од тоа каков профил на играч ќе и биде потребен на екипата, а не според индивидуалните карактеристики – завршува Арсиќ.
Според правилата на ФИБА, само еден натурализиран играч смее да настапи на еден натпревар во одреден национален тим.
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации „Црвено-жолтите“ го постигнаа првиот гол во ова издание...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...