Со уникатна забава во ноќниот клуб Jazz In, Центарот за културен проток „АРТерија“ го прослави своето две годишно работење.
Во топла и пријатна атмосфера, уметниците, пријателите и членовите на овој културен центар ја прославија борбата за афирмација на уметноста во Охрид.
Својата макотрпна работа, „АРТерија“ ја докажа преку бројните изложби, овозможувајќи им на љубителите на уметноста, подлабоко да ги спознаат творечките опуси на уметниците од градот.
Примарната цел на центарот е создавање асоцијација на уметници, која ќе се грижи за остварување на заедничките интереси, истовремено развивајќи ја слободната и креативна мисла во духот на културата, ликовното творештво и ликовната критика.
OhridNews