Во текот на двете години од своето постоење центарот реализира и организира бројни изложби кои беа посетени од голем број љубители на уметноста.
Центарот за културен проток” АРТерија” е здружение на уметници заради остварување на нивните заеднички, општи и поедини права, интереси, унапредувања и афирмирање на уметноста и културата во Охрид и културно уметничка едукација.
Меѓу основните цели на центарот е создавање асоцијација на уметници која ќе се грижи за остварување на нивните заеднички интереси, која ќе го развива и унапредува професионализмот и слободната и креативна размена на мислења, афирмација на ликовното творештво,културата и уметноста нивно збогатување и развиток, ликовна критика и развиток на ликовната култура, како и презентација на вистинските вредности во културата и уметноста.